Челзи и официјално го награди Тухел

Менаџерот Томас Тухел потпиша нов договор со Челзи, според кој ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ до 2024 година. Германскиот стратег дојде во Челзи во јануари оваа година и првичниот договор му беше на 18 месеци. Сепак, успехот кој го направи Тухел за само неколку месеци, беше знак за нов поголем договор.

Кога дојде во Челзи, тимот беше на деветото место во Премиер лигата, а на крајот со Тухел како предводник заврши на четвртото место. Сепак, успехот кој значеше нов договор до 2024 година е освојувањето на титулата во Лигата на шампиони.

„Не може да се има подобар повод за потпишување на нов договор. Благодарен сум и многу сум среќен што останувам да бидам дел од семејството на Челзи. Пред нас се нови предизвици кои со нетрпение ги очекувам“, рече Тухел кој 30 меча го предводеше тимот во сите натпреварувања, а имаше 19 победи, само пет порази и шест нерешени средби. Тоа што е многу позначајно е дека Челзи со Тухел на чело направи гранитна одбрана, која прими само 16 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести