Челзи и Севилја отпатуваа на гости за да ја расипат забавата

Челзи и Севилја отпатуваа за Франција, односно за Русија и ако победат против Рен и Краснодар утре во првите два меча од четвртото коло во Лигата на шампионите, ќе бидат првите патници во нокаут-фазата.

И двата дуели почнуваат од 18.55 часот, а успех на Челзи и на Севилја ќе направи недостижен јаз од по 9 бода во однос на Рен и на Краснодар, па на две кола пред крајот на фазата по групи фаворитите веќе ќе бидат во друштво на 16-те најдобри екипи во Европа.

„Одиме на победа против Рен и потоа во директен дуел против Севилја да одлучиме кој ќе биде прв во групата. Челзи нема да калкулира, иако веројатно и еден бод утре ќе ни биде доволен за пласман во нокаут-фазата“, вели Тимо Вернер.

Германецот не е најдобар стрелец на Челзи со три гола во ова издание од Лигата на шампионите и се очекува да го предводи нападот и против Рен на „Роажон парк“, утре од 18.55 часот.

Првопласираните две екипи од секоја група ќе играат во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, а третопласираните екипи се селат во Лигата на Европа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести