Челзи ја полни касата на Ајакс: По Зијех, во Лондон доаѓа и Талјафико

Челзи наскоро ќе го официјализира и второто засилување за следната сезона, кое доаѓа од Ајакс, исто како Хаким Зијех. Мароканското крило ќе има друштво од соблекувалната на Копјаниците, бекот Николас Талјафико доаѓа на „Стемфорд бриџ“ за сума од 30 милиони евра.

Според информациите на англиските медиуми, Челзи го пазари аргентинскиот лев бек за 26 милиони евра во кеш, а дополнителни четири милиони евра ќе се плаќаат во бонуси кои ќе треба да ги исполни самиот играч. Профит од овој трансфер ќе оствари и аргентинскиот прволигаш Индепендиенте, два милиони евра ќе припаднат на поранешниот клуб на Талјафико.

Иако конкуренцијата на левата бековска позиција ќе биде голема бидејќи Лампард во тимот ги има уште Емерсон и Алонсо, еден од нив двајца ќе си замине од Лондон, додека Талјафико ќе биде прв избор во новата сезона.

Инаку, Челзи во фервруари годинава го реализира ангажманот на Хаким Зијех за сума од 45 милиони евра, кој од 1 јули ќе го облече белиот дрес откако ѕвездата на Ајакс потпиша петгодишен договор со Сините.

 

- Оглас -

Најнови вести