Челзи ќе ја скрати позајмицата на Батшуаји

Челзи ќе го врати Мичи Батшуаји од позајмицата во Валенсија, откако белгискиот напаѓач сезонава не се снајде во редовите на „лилјаците“. Во потрага по поголема минутажа и обид во целост да ги истакне голгетерските способности, Батшуаји втора сезона втора сезона во низа замина на позајмица, но за разлика од деновите кога играше за Борусија Дортмунд, во шпанското првенство игра далеку под очекувањата.

Маурисио Сари се надева дека клубот ќе протифира од негова евентуална продажба во јануарскиот преоден рок, со цел да има што повеќе финансиски средства за нови засилувања. Доколку не успеат да најдат клуб кој ќе сака да исплати одредена сума за него, Батшуаји би можел и во вториот дел од сезоната да биде позајмен, а планот е да игра во премиерлигашки тим.

Кристал палас се интересира да го доведе привремено, меѓутоа ќе имаат конкуренција од неколку екипи од топ 5 лигите, поточно од Милан, Рома и Монако.

Дваесет и петгодишниот напаѓач сезонава настапи на 20 натпревари за Валенсија, на кои само три пати ја затресе мрежата. Често влегува од клупа, шанса во стартните 11 често добиваат Санти Мина, Кевин Гамеиро и Родриго.

- Оглас -

Најнови вести