Челзи ќе се „утеши“ со Жоао Феликс откако пропадна трансферот на Омородион

Англискиот премиерлигаш Челзи се насочи кон изненадувачки трансфер откако пропадна реализацијата на зделката со Атлетико Мадрид за Саму Омородион.

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс би можел да се врати на „Стемфорд бриџ“.

Тој во 2023 година играше како позајмен во Челзи, остави и добар впечаток, но англискиот клуб сепак не го откупи неговиот договор.

Португалецот за Челзи одигра 16 натпревари во Премиер лигата и постигна четири гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести