Челзи конечно договори нов голман

Челзи конечно се договори со Рен околу ангажманот на голманот Едуар Менди. Сенегалскиот чувар на мрежата за 22 милиони фунти наскоро ќе ја комплетира преселбата на „Стемфорд бриџ“, каде што го чека потпис на петгодишен договор.

По речиси цел месец преговори, Сините најдоа заеднички јазик со францускиот прволигаш и ќе го добијат седмото летно засилување. Менди ќе се приклучи на аквизициите Хаверц, Вернер, Зијех, Тијаго Силва, Чилвел и младиот Сар, а Челзи ќе заокружи потрошувачка од 250 милиони фунти.

Инаку, последен пат кога Челзи и Рен договараа трансфер на голман, во 2004 година во Лондон пристигна легендарниот Петр Чех, кој со Сините освои 15 трофеи, од кои четири се титули во Премиер лигата и една титула во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести