Челзи месецов за нови играчи потроши двојно повеќе отколку сите екипи во Бундеслигата, Серија А, Лига 1 и Ла Лига – Заедно!

Англискиот премиерлигаш Челзи по преземањето од страна на американскиот милијардер Тод Боли, троши како луд на засилувања и урива рекорди.

Боли минатото лето го купи Челзи од Роман Абрамович и во летниот и зимскиот преоден рок потроши речиси 500 милиони евра на засилувања.

Билансот на Челзи по последниот трансфер на Нони Мадуеке од ПСВ за 40 милиони евра, ќе изнесува 462 милиони евра.

Челзи само месецов потроши 173 милиони евра за нови играчи, што е повеќе од тоа што го потрошија сите екипи од Серија А, Бундеслигата, Ла Лига и Лига 1 заедно!
Вкупно 78 клуба од овие четири лиги заедно потрошиле 69 милиони евра, што е двојно помалку од тоа што го даде Челзи.

https://twitter.com/Football__Tweet/status/1616403793117155328?s=20&t=Heo2PGfGPHutJwOsmuUNSQ

Сините најмногу пари за еден играч потрошија минатото лето, 80 милиони евра за играчот на Лестер, Весли Фофана, а втор најголем трансфер е тој на Михајло Мудрик од пред неколку дена, кога на Шахтар му платија 70 милиони евра, а сумата може да дојде и до 100 милиони со евентуалните бонуси.

- Оглас -

Најнови вести