Челзи му даде нов договор на „картингот“, затоа што Интер сакаше да го „украде“

Англискиот премиерлигаш Челзи успеа да му го продолжи договорот на напаѓачот Оливие Жиру, кој ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ до јуни 2021 година. Договорот на францускиот репрезентативец истекуваше на 30 јуни, а тоа значеше дека Жиру ќе можеше да си замине како слободен играч.

Интер беше клубот кој имаше намера да го добие Жиру за безпари, но сега, со потпишувањето на новиот договор на Челзи, пропадна планот на Нераѕурите.

Жиру во Челзи ја игра третата сезона, а претходно шест години играше за Арсенал. Тоа значи дека ако и следната сезона остане во Лондон, напаѓачот ќе заокружи една деценија настапи во Премиер лигата.

Во последните месец дена, кога немаше фудбал, Жиру се најде во центарот на вниманието и тоа поради изјавата на некогашниот негов соиграч од репрезентацијата на Франција, Карим Бензема, кој го нарече Жиру дека е картинг и дека не заслужува да игра во националниот тим, затоа што играчот на Реал Мадрид е Формула 1 за него. 

- Оглас -

Најнови вести