Челзи му посака добредојде на Тухел

Томас Тухел и официјално е нов менаџер на Челзи, потврди клубот од западен Лондон. Германскиот стратег пристигна на „Стемфорд бриџ“ како замена за отпуштениот Френк Лампард, каде што ќе се задржи најмалку 18 месеци.

Договорот на Тухел му важи до јуни 2022 година, со опција тој да се продолжи на уште 12 месеци, зависно резултатите на екипата под негово водство.

„Имам огромна почит кон Френк Лампард и сето она што го направи во периодот додека беше тренер. Воедно сум возбуден да ја почнам мојата нова авантура и да се натпреварувам во најатрактивната лига во светот“, посочи Тухел за официјалниот клупски веб-сајт.

Германецот претходно денес присуствуваше на попладневниот тренинг на првиот тим, а веќе утре ќе го има своето деби на клупата на Сините, во дуелот против Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести