Челзи на период од пет години се сели на „Вембли“!

Легендарниот стадион „Вембли“, може да стане привремен дом на фудбалскиот клуб Челзи, за време на реконструкцијата на нивниот „Стемфорд Бриџ“.

Сопствениците на Челзи ја отфрлија можноста за изградба на нов стадион на друго место, и решија да го реновираат „Стемфорд Бриџ“, но целосниот ремонт сосе рушење и градење нов на истото место, може да одземе период од пет години. Само за демонтажа на сегашниот стадион, ќе требаат 18 месеци.

Доколку Челзи реши да го реновира својот стадион, и да продолжи да игра на „Стемфорд Бриџ“, процесот може да се трае и дури 10 години.

- Оглас -

Најнови вести