Челзи ѝ најави на Барса: Доаѓаме по вашата ѕвезда

Повеќе шпански медиуми утрово соопштија дека претставниците на Челзи официјално тргнаа по потписот на Френк Де Јонг од Барселона. Лондонскиот клуб наводно им најавил на Каталонците во најскоро време да очекуваат понуда која ќе биде прифатлива.

Де Јонг досега одбиваше трансфер во Манчестер јунајтед бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите, а за разлика од 20-кратниот англиски првак, Сините ќе бидат дел од европската елита. Веројатно сумата ќе изнесува од 80 до 85 милиони евра, исто колку што нудеа Ѓаволите, со тоа што се очекува Барселона да прифати и да започне со ослободување на финансиите од холандскиот играч за врска.

Овој потенцијален трансфер ќе ги отвори вратите на Бернардо Силва кон „Камп ноу“. Ѕвезда на Манчестер сити е голема желба на Чави, а и самиот изрази желба да ја смени средината ова лето.

- Оглас -

Најнови вести