Челзи најде солуција за нападот – На „Стемфорд бриџ“ доаѓа англиски голгетер

Раководството на Челзи е подготвено да му исполни новогодишна желба на Маурисио Сари, а тоа е да доведат нов напаѓач. Приоритет е да се доведе фудбалер со англиско потекло, па како прва цел е означен Калум Вилсон, голгетерот на Борнмут кој сезонава брилјира во дресот на „црешите“.

Имено, управата на „сините“ ќе испрати понуда од 30 милиони фунти во јануарскиот преоден рок, која Борнмут по сите изгледи ќе ја прифати, иако Еди Хау не сака да остане без еден од своите главни фигури во тимот. Дваесет и шестгодишниот голгетер сезонава е во одлична форма, на 15 меча во Премиер лигата реализираше осум погодоци, додека намести шест гола.

Кон средината на ноември дебитираше и за англиската репрезентација. Вилсон уште на својот прв меч го постигна дебитантскиот гол за „Гордиот Албион“,  во пријателската средба против САД која Англија ја доби со 3-0.

- Оглас -

Најнови вести