Челзи не смее да го отпушти Покетино, доколку го направи тоа, може да испадне од Премиер лигата

Челзи има очајна сезона во Премиер лигата и по 23 одиграни кола, има повеќе порази од победи. Лондонскиот тим досега освои 31 бод, што е доволно да биде на 11-тото место на табелата.

Во последното коло Челзи дома беше надигран од Вулверхемптон и загуби со 1:3, па притисоците за отказ на тренерот Маурисио Покетино станаа многу големи. Сепак, малку веројатно е дека газдата на Челзи, Тод Боли, ќе се одлучи да му даде „шут-карта“ на Покетино поради клаузулата што ја има во договорот.

Доколку Покетино добие отказ, Челзи ќе мора да му исплати на тренерот дури 15 милиони евра. Ако аргентинскиот стратег си замине и ги добие обие пари, Челзи ќе влезе во проблем и ќе го прекрши финансискиот ферплеј. Во Премиер лигата сезонава веќе имаше казни за прекршување на финансискиот ферплеј, па Евертон беше казнет со одземање 10 бода, поради што Карамелите сега се во зоната за испаѓање.

Доколку се случи Челзи да го прекрши финансискиот ферплеј и да биде казнет со ист аршин како Евертон, односно одземање 10 бода, лондонскиот тим ќе се најде во незавидна ситуација и може да се доведе во опасност дури и да испадне.

- Оглас -

Најнови вести