Челзи не запира: Допрва следува трансфер-бомба на „Стемфорд бриџ“

Роман Абрамович, сопственикот на Челзи, е сериозен во намерата да му овозможи на Френк Ламрад тим кој ќе конкурира за титулата во Премиер лигата уште во следната сезона. Сините заштедија средства со тоа што не трошеа во изминатите два преодни рока, па си ги дозволија услугите на Хаким Зијех од Ајакс, наскоро треба да се официјализира транферот на Тимо Вернер, а сега се подготвува нова трансфер-бомба на „Стемфорд бриџ“.

Имено, Челзи ќе тргне по потписот на Кај Хаверц, одличниот млад офанзивец на Леверкузен кој сезонава блеска во Бундеслигата. Германскиот репрезентативец се проценува на 85 милиони евра, но нема да биде изненадување доколку Фармацевтите бараат и до 100 милиони евра, сума која наводно за Челзи нема да биде проблем, како што известуваат англиските медиуми.

Хаверц привлече огромно внимание особено по продолжувањето на сезоната во Бундеслигата, откако реализира пет гола во четири меча. За 20-годишниот офанзивец  интерес покажаа најголемите европски гиганти, како Јувентус, Барселона, Манчестер јунајтед и, секако, Баерн Минхен, така што Челзи ќе има тешка задача да го убеди Хаверц да се пресели во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести