Челзи никогаш не бил во ваква ситуација, со чуден состав игра против Евертон

Новата варијанта на ковид-19, омикрон, ги зафати и редовите на Челзи и вечерва Сините од „Стемфорд бриџ“ играат против Евертон без заразените Ромелу Лукаку, Тимо Вернер, Калум Хадсон-Одои и Бен Чилвел, сите со позитивни тестови.

Во составот го нема и Кај Хаверц, кој чека резултати од ковид-тестот, па нападот на Челзи го предводи Кристијан Пулишиќ, кој за првпат е во улога на класичен шпиц, што не е негова природна позиција.

Од претходно во карантин исто така поради корона-вирус е и Хрватот Матео Ковачиќ, па Томас Тухел имаше големи маки како да состави екипа за настап против Евертон, на меч што почна во 20.45 часот и се игра во Лондон на „Стемфорд бриџ“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести