Челзи од 2017 нема премиерлигашка победа над Црвените ѓаволи

1301 Гранада – Валенсија (20.00 часот)

Ова е меч по кој сите шпански прволигаши сезонава ќе имаат одиграно по 30 натпревари. За Гранада, која има само 14 бода и серија од четири порази по ред, нема спас, ќе се пресели во понизок ранг, додека Лилјаците уште имаат шанси да се изборат за излез во Европа, но првиот услов е да победат вечерва. Валенсија има ист број дадени и примени голови, проблемот на Гранада е одбраната, иако во последните две кола се поправија и губеа со по 0-1. Валенсија на гости не победила уште од 14 јануари.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.04)

 

1181 Ливерпул – Шефилд ј. (20.30 часот)

Кога играат првиот и последниот на табелата, дури и во Англија, јасен е исходот, чудо би било гостите да останат непоразени. Статистиката вели дека Шефилд е тим со најмногу примени и најмалку дадени голови, а Ливерпул е втор најефикасен и ја има втората најцврста одбрана. Шефилд има серија од три меча по ред со 4+ голови. Последните два меѓусебни дуела Ливерпул ги добиваше со 2-0, но на гости, на „Енфилд“, последниот дуел им заврши со 2-1.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (1.97)

 

2836 Салцбург – Штурм (20.45 часот)

Полуфиналето на австрискиот куп се игра во еден меч. Салцбург е голем фаворит на хартија, покрај тоа е домаќин и би требало да се пласира во финалето.  Овие два тима се сретнаа меѓу себе само пред четири дена. Салцбург во дербито како гостин победи со 1-0 и сега се одвои на пет бода пред Штурм во битката за титулата во првенството. Пред два месеца, Штурм освои бод на лигашкото гостување кај Салцбург.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.80)

 

2859 Ајакс – Г. А. Иглс (21.00 часот)

Копјаниците се петти, а Орлите седми на табелата во холандската лига, Ајакс има само четири бода повеќе, па ова е битка за излез во Европа. Ајакс е во подобра форма, освои осум бода во последните четири кола, додека Гоу ахед иглс претрпе два порази во последните три кола. Ајакс е тим со многу повеќе дадени, но и  повеќе примени голови од вечерашниот нивен гостин. Во јануари ,кога играа лигашки меч на теренот на Иглс, беше 3-2 за Ајакс.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.85)

 

1182 Челзи – Манчестер јунајтед (21.15 часот)

Лондонските Сини и манчестерските Црвени ѓаволи се најголеми разочарувања сезонава во Премиер лигата, дури и пласман во кој било од еврокуповите им е далеку, па овој дуел е дерби само според имињата и историјата. Челзи одамна не знае за пораз, а Јунајтед има два меча по ред без пораз. Манчестер е тим со убедливо најмалку ремија во лигата, само три, но едното беше викендов. За разлика од нив, Челзи има три нерешени игри во последните четири кола. Последната лигашка победа на Челзи над Манчестер беше речиси пред седум години.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)

- Оглас -

Најнови вести