Челзи посрамотен од „волците“, Манчестер јунајтед лесно го победи Вест хем (Видео)

Фудбалерите на Челзи продолжуваат со катастрофалните игри во Премиер лигата, откако попладнево доживеаја вистински дебакл на „Стемфорд Бриџ“ и загубија од Вулверхемптон со 2-4.

Сините од Лондон го отворија резултатот во 19-тата минута преку Кол Палмер, но во продолжение на мечот следуваше доминација на гостите. Вулверхемптон преку Куња и автоголот на Дисаси натпревари пресврт уште во првото полувреме, а во вториот дел Куња со уште два погодоци комплетно го потопи Челзи. Последниот погодок на мечот беше дело на Тијаго Силва во 86-тата минута.

За разлика од нив, екипата на Манчестер јунајтед со убедливи 3-0 го победи Вест хем на домашен терен и го мина на табелата. Хојлунд погоди во првиот дел, додека Гаранчо двапати беше прецизен во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести