Челзи повеќе не може да го чека Кунде, најави атак по потписот на Де Лихт

Да се купи квалитетен централен дефанзивец е една од главните мисии на Томас Тухел во овој преоден рок, особено што Челзи остана без двајцата првотимци Рудигер и Кристенсен.

Долго време со трансфер во Лондон се поврзува Жулс Кунде, стоперот на Севилја, но преговорите се во застој веќе со недели. Затоа Сините го насочија вниманието кон ѕвездата на Јувентус, Матајс де Лихт.

Холанѓанецот има клаузула од 115 милиони евра која ниту еден клуб не би ја активирал, па затоа претставниците на Де Лихт се во преговори со клубот цената да се намали на 80 милиони евра.

Таа сума е прифатлива за Челзи и веројатно ќе се достави во најбрзо време. Јувентус пак се реши да го продаде стоперот бидејќи нема намера да му нуди нов договор. Годишната плата на Де Лихт е 8 милиони евра, а достига 12 со одредени бонуси.

Де Лихт би бил прво засилување за Челзи ова лето доколку двата клуба наскоро започнат преговори околу најавениот трансфер.

- Оглас -

Најнови вести