15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Челзи се ослободи од двајца од деветте голмани кои ги имаше во составот

Се чини дека чистката во екипата на Челзи почна од голманите. Сините во составот имаа дури деветмина голмани под договор, а сега двајца од нив си заминаа од „Стемфорд бриџ“, но само како позајмени.

Кепа Аризабалага сезоната ќе ја има во премиерлигашот Борнмут, додека младиот Србин, Ѓорѓе Петровиќ, сезоната ќе ја мине како позајмен во францускиот Стразбур. Двете екипи на крајот од сезоната имаат право на откуп на договорите. Ситуацијата за Петровиќ е полесна, но Борнмут тешко дека ќе може да го откупи договорот на Кепа, со оглед на големите финансиски барања на шпанскиот голман.

- Оглас -

Најнови вести