Челзи се закопа со два автогола во Брајтон, луд пресврт на Тотенхем

Брајтон ја оствари првата победа со новиот менаџер Роберто де Зерби и тоа против тим кој го предводи поранешниот менаџер на тимот, Греем Потер.

Брајтон во 14-то коло со 4:1 го совлада Челзи кој од 8 септември го води токму Потер и му го нанесе првиот пораз како тренер на Сините. Потер откако седна на клупата на Челзи до овој меч имаше учинок од три победи и две ремија во Премиер лигата, .

Резултатот го отвори Леандро Тросард уште во петтата минута, а следните два гола за Брајтон ги дадоа играчи на Челзи. Прво, во 14-та минута, Рубен Лофтус-Чик си даде автогол, а во финишот од првиот дел и Тревох Чалоба ја затресе сопствената мрежа.
Трошка надеж дека Потер може да го избегне поразот внесе Каи Хаверц со голот во 48-тата минута, но тоа беше сè што сторија играчите на Челзи. Во последните моменти од мечот, Паскал Грос ја завери убедливата победа на Брајтон. Ова воедно беше прв триумф на Брајтон откако на клупата седна Роберто де Зерби.

Њукасл продолжува со одличните игри во Премиер лигата и серијата без пораз ја продолжи на осум меча, откако со убедливи 4:0 славеше над Астон Вила.

Победата ја најави Калум Вилсон со голот од пенал во шестата минута од судиското продолжение во првиот дел. Истиот играч во 56-та минута зголеми на 2:0, а само три минути подоцна Жоелинтон носи убедлива предност. Конечниот резултат од 4:0 го постави Алмирон кој веќе на трет натпревар по ред дава гол.

Тотенхем со голем пресврт во второто полувреме славеше со 2:3 на гостувањето кај Борнмут. Домаќините со двата гола на Кифер Мур во 22-та и 50-та минута поведоа со 2:0, но Петлите успеаја да направат целосен пресврт благодарение на головите на Сесењон во 57-та, Дејдис во 73-та и на Бентанкур во 92-та минута.

Кристал Палас со голот на Одсон Едоард го совлада Саутемптон, додека Брентфорд и Вулверхемптон одиграа без победник 1:1.

- Оглас -

Најнови вести