Само неколку дена откако го отпуштија Енцо Мареска, челниците на Челзи тргнуваат во (не)возможна мисија. „Сините“ планираат да понудат 155 милиони евра за Винисиус и на тој начин да го срушат британскиот рекорд на Ливерпул за најскап трансфер.
„Црвените“ минатото лето двапати го срушија рекордот, откако најпрво платија 125 милиони евра за Флоријан Вирц, а потоа и 145 милиони евра за Александер Исак. Но, тука се поставува прашањето: Дали 155 милиони евра се доволни за да се купи Винисиус?
Долго се шпекулира дека од Реал Мадрид се подготвени да го продадат Бразилецот, но очекувањата на „кралевите“ се дека ќе добијат 300 милиони евра од некоја екипа од Саудиска Арабија, но секако дека за Винисиус подобра опција е Челзи отколку Блискиот Исток, барем на фудбалски план.

