Челзи со многу мотиви против непредвидливите Чекани

1164 Барнли – Вулверхемптон (18.30 часот)

Барнли е најнеефикасен тим во Премиер лигата, има само шест гола на 12 натпревари, што е просек од еден гол на секои два меча. На свој терен, Барнли уште од февруари нема дадено повеќе од еден гол. Последните четири меѓусебни дуели на овие два тима во Барнли секогаш завршуваа со 0-2 гола, а Волците десет години не победиле на ова гостување и тогаш за последен пат беше со три гола. Вулверхемптон е тим кој ретко игра нерешено на гостински терен.

Предлог тип: НГ (1.65)

 

1165 Челзи – Вест хем (21.00 часот)

Ова се лондонски ривали и соседи на табелата и дерби на денот. По двата гостински порази по ред, Челзи се враќа на својот стадион и ќе сака да ги задоволи своите фанови, кои овојпат нема да бидат на трибините. Вест хем освои четири бода во претходните две кола, негова цел е да остане непоразен. Сините сезонава дома загубија само од Ливерпул. Чеканите во минатата сезона победија на „Стемфорд бриџ“ со 1-0, со што прекинаа 17-годишен пост без триумф на гости кај Челзи.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.00)

 

2806 Митјланд – Нордсјиланд (19.00 часот)

Домашните се фаворити, со победа ќе се изедначат со првопласираниот Брондби. Нордсјиланд има само една победа во последните пет кола, но иако имаат осум бода помалку од Митјиланд, имаат дадено еден гол повеќе. На 31 октомври, Нордсјиланд дома го прегази Митјиланд со 4-1, па сега Митјиланд има мотив да се реваншира за тој пораз, нивен последен лигашки. Но, Нордсјиланд ретко победува на гости, а и последен пат кога гостуваше кај Митјиланд во јули, загуби со 3-6. Од последните девет нивни дуели на теренот на Митјиланд, само еднаш не било со 3+ голови.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.90)

 

2886 Карлсруе – Хамбургер (20.30 часот)

Карлсруе има два порази по ред, а Хамбургер извојува две победи, па според моментната форма, тука би требало гостите да победат. Со победа, Хамбургер ќе избие на второ место и ќе ја продолжи битката за враќање во елитната Бундеслига. Карлсруе има серија од десет меча по ред на кои дава гол. Карлсруе дома 11 години чека лигашка победа над Хамбургер, во минатата сезона гостите победија со 4-2.

Предлог тип: ГГ (1.64)

 

1321 Тенерифе – Жирона (21.30 часот)

Жирона освои 10 бода во последните четири кола, па затоа е во горната половина на табелата, но тие се доста неефикасни (дадоа 15 гола на 18 меча). Тенерифе е трет од долу, три кола по ред не знае за победа, но некогашниот стабилен прволигаш не треба да биде отпишан. Во минатата сезона, секој победуваше дома со 1-0, па и овојпат типуваме дека нема да биде ефикасно. Каталонците не победиле на Канарските Острови од 2015 година.

Предлог тип: 1Х & 0-2 (1.87)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Барнли – Вулерхемптон Х2 & 2-4 (2.30)

Карлсруе – Хамбургер 1+I & 3+ (2.05)

Челзи – Вест Хем 1 & 0-29 мин. (2.65)

 

 

- Оглас -

Најнови вести