Челзи за малку ќе направеше „од готово, вересија“

Екипата на Челзи славеше со 3:2 на гостувањето кај Лутон во меч од 20 коло на Премиер лига. Со овие три бода Челзи стигна до 28 бодови, што е доволно да биде на 10 место на табелата и уште е далеку од позициите кои водат излез во Европа за следната сезона.

Кол Палмер е играчот на мечот постигнувајќи два гола, а имаше и една асистенција. Серијата погодоци стартуваше во 12 минута кога Палмер погоди за 1:0. До крајот на првиот дел, тој асистираше за погодокот на Медуеке и лондонскиот тим имаше комотна предност.

Во второто полувреме, Палмер со својот втор погодок, а трет за Челзи само потврди дека трите бода ќе заминат на контото на гостите од Лондон. До крајот на средбата, домаќините направија да има интересна завршница. Најпрво преку Баркли намалија на 1:3, а потоа со голот на Адебајо стигнаа до 2:3, но тоа не беше доволно за Лутон да ја продолжи мини серијата од две победи, па тимот остана на табелата во зоната за испаѓање. Интересно е дека во последните 20 минути домаќините дадоа и уште еден гол, но тој беше поништен поради офсајд.

- Оглас -

Најнови вести