Челзи тргна во офанзива, испратена прва понуда за Кристијано Роналдо!

Новиот сопственик на Челзи, Тод Боли, сака да се докаже пред навивачите на Сините, и започна обид да го ангажира Кристијано Роналдо. Боли има интересна листа на потенцијални засилувања, но ако донесе големо име како Роналдо, ќе покаже дека е соодветен наследник на Роман Абрамович.

Според некои информации од Англија, Челзи на Манчестер јунајтед за Роналдо му понудил отштета од 14 милиони фунти. Иако агентот на Роналдо го понуди својот клиент на многу клубови, Челзи е најзаинтересиран. Плус тоа, Сините играат во Лигата на шампионите, што е плус за нив.

На Кристијано не му се допаѓаат три работи во Јунајтед: клубот им ги намали платите на играчите, не е доволно активен на трансфер пазарот, и нема да игра во ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести