Челзи веќе може да го слави пласманот во ЛШ, на „Стемфорд бриџ“ се радува и новото засилување

Челзи веќе може да го слави пласманот во Лигата на шампионите, иако помина само првото полувреме од последното коло во Лигата на шампиони. Лондонскиот тим со два гола во судиското надополнување од првото полувреме стигна до предност од 2:0 против Вулверхемптон и сега едноставно не смее да го прокоцна ова водство и да си дозволи пораз.

Мејсон Маунт и Оливие Жиру погодија во 45+1 и 45+4 за голема радост на сите фанови на Челзи. На трибините на „Стемфорд бриџ“ е и новото засилување на клубот за следната сезона Тимо Вернер. Германскиот репрезентативец може да се радува затоа што сепак потпиша за клуб кој ќе игра во ЛШ и следната сезона.

За последното место кое води во ЛШ, во директна пресметка одлучуваат Лестер и Манчестер јунајтед. По првото полувреме на стадионот „Кинг Пауел“ е 0:0, резултат кој оди во прилог на гостите.

- Оглас -

Најнови вести