Челзи има големи проблеми: Покрената истрага за трансфери од ерата на Абрамович

Премиерлигашот Челзи се најде во големи проблеми откако во Англија е покрената истрага за два трансфера кои се реализирани од Русија во периодот кога сопственик беше Роман Абрамович. Институциите во Велика Британија во моментов го чешлаат финансиското работење на клубот од 2012 до 2019 година и забележани се сомнителни финансиски движења за трансферите на Самуел Ето и Вилијан од Анжи во Челзи.

Анжи го купи Вилијан од Шахтар Донецк за 30 милиони евра, а само осум месеци подоцна му го продаде за истата сума на Челзи, додека трансферот на Ето беше без обесштетување. Сепак, забележани се трансакции кои гласат на име на овие трансфери иако не се дел од такво нешто.

Сега од раководството на клубот ќе мора да објаснуваат што се случувало, со оглед на тоа дека е најдена и тајна сметка преку која пристигнувале пари во Челзи.

- Оглас -

Најнови вести