Челзи во голгетерска форма, после петката против Рексам, на Брајтон му дадоа четири гола

Челзи го совлада Брајтон со 4-3 во пријателски меч одигран во Филаделфија, САД, и тоа во период кога Сините од Лондон сакаат на Брајтон да му го купат еден од најдобрите играчи, Моисес Каиседо.

Головите за Челзи ги постигнаа Нкунку, Мудрик, Галагер и Џексон, а Брајтон поведе со 1-0 преку Велбек, а во финишот со два гола дојде до минимален пораз.

Челзи на двете досегашни контроли во родната земја на нивниот газда постигна девет голови и најавуваат подобра сезона отколку претходната која беше катастрофална, како клубот потроши многу пари на засилувања.

Ова е првиот гол на Мудрик во дресот на Челзи:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести