Червар: Резервите ни донесоа свежина, искусните ни останаа должни

Лино Червар и Хрватска за малку не успеја да направат комплетен пресврт за победа против Шпанија, иако популарните Каубои губеа и со шест гола разлика во второто полувреме.

Мечот заврши нерешено 22:22 и Хрватите се втори во групата, па ќе чекаат исход од мечот што е во тек меѓу Норвешка и Словенија за да го дознаат ривалот во полуфиналето на ЕП 2020.

„Ми е жал за Карачиќ. Играше извонредно до моментот на повредата. Пресврт и свежина донесоа резервните ракометари, а поискусните ни останаа должни. Шпанија скоро 20 минути не ни даде гол. Се надевам дека Карачиќ ќе биде подготвен за полуфинале, а и Циндриќ ќе биде во редовите. Немаме посебен план за полуфинале, немаме ниту силни аргументи бидејќи не сме играле во завршница на големо натпреварување 10 години. Спортски е да се надеваме на успех“, изјави Червар.

Хрватска сè уште нема пораз на шампионатот, а според најавите во хрватските медиуми, повредата на Карачиќ не е тепка и тој ќе биде подготвен за игра во полуфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести