Чешка – Данска ќе биде дуел на двајцата селектори кои имаат најмала плата

Четвртфиналниот дуел меѓу Чешка и Данска ќе биде меч и на двајцата селектори со најмала годишна плата од оние стратези кои останаа на Европското првенство. Според чешките медиуми, селекторот на Чешка, Јарослав Шилхави, на годишно ниво заработува 200.000 евра, додека предводникот на Данска, Каспер Хулманд, има годишна плата од 225.000 евра.

Колку за споредба, селекторите на останатите шест репрезентации кои се дел од четвртфиналето имаат милионски плати на годишно ниво. Според пишувањата, Шилхави е четвртиот најслабоплатен селектор на целиот турнир. Договори со помалку пари од предводникот на Чешка имале само селекторите на Финска, Словачка и Игор Ангеловски, кој ја предводеше Македонија на историското прво Европско првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести