Чешка добива шанса, Белгија без дури седум играчи во Прага

Репрезентацијата на Белгија на гостувањето во Чешка ќе настапи без дури седум фудбалери. Двајца се повредени, а петмина играат во германски клубови и не смеат да патуваат во Чешка, бидејќи по враќањето во Германија ќе мора да заминат во изолација.

Тимот на селекторот Роберто Мартинес, со 3-1 го победи Велс, а еден од головите беше дело на Торган Азар. Азар нема да игра на дербито против Чешка. Освен Азар кој е член на Борусија Дортмунд, поради рестрикциите за повратници во Германија од земји меѓу кои и Чешка, нема да играат ни Кастелс (Волфсбург), Бојата (Херта), Мангала (Штутгарт) и Мение (Борусија Дортмунд). Ситуацијата да биде уште полоша, нема да играат ни Вермален и Караско, кои се повредија против Велс.

Ова е шанса за Чесите да приредат изненадување против најдоброрангираната репрезентација на светот. После гостувањето кај Чешка, Белгија ќе се комплетира и ќе има полесен домашен меч против Белорусија.

- Оглас -

Најнови вести