Чешка не доби дозвола да го откаже мечот со Шкотска и сега мора да бара играчи кои ќе играат

Европската фудбалска федерација (УЕФА) не и дозволи на Чешка да го одложи утрешниот меч против Шкотска, во рамките од второто коло на Лигата на нации. Чешка победи со 3:1 на гости кај Словачка, а потоа челниците на оваа федерација во писмен запис побараа од УЕФА да го одложи натпреварот против Шкотска, кој на распоредот е утревечер.

Од УЕФА го разгледаа барањето и одлучија да не го прифатат, со образложение дека Чешка може да најде 13 фудбалери кои ќе играат, што значи дека дуелит нема да се одложи.

Кризата со Коронавирусот во чешкиот тим започна кога беше констатирано дека физиотерапевтот е заразен, а потоа двајца фудбалери останаа недостапни за мечот против Словачка. По одигрување на тој меч, беше потврдено дека повеќе фудбалери ќе мора да одат во самоизолација.

Шкотска сега има голема шанса да победи на гостувањето кај Чешка, која треба да одбере играчи со кои ќе настапи на мечот, во спротивно ќе загуби на службено.

- Оглас -

Најнови вести