Чесите не сакаат да ризикуваат со Ковид-19 и ја откажаа базата во Единбург за ЕП

Чешката фудбалска репрезентација го смени планот за Европското првенство на две седмици до почетокот и наместо во Единбург каде веќе имаа резервирано хотел и престој ќе летаат од Прага за мечевите против Шкотска на 14. јуни во Глазгов и на истото место за дуелот со Хрватска на 18. јуни, а и потоа на последниот меч од групата за нив, против Англија на Вембли во Лондон на 22. јуни.

Проблем за Чесите е строгото правило во Шкотска кое предвидува целосен карантин за сите играчи, ако барем еден од нив има позитивен тест на корона-вирус.

Шкотските власти не попуштија и не се прилагодија на препораките на УЕФА, само фудбалерите, или фудбалерот што е заразен да оди во карантин, а останатите да можат да настапат на ЕП, па Чесите не сакаа да ризикуваат.

Интересно е што најавија дека ќе останат во Прага за време на првата фаза, а допрва ќе треба да ја одредат локацијата на хотелот.

„До последен момент чекавме Шкотите да го сменат правилото и да ги почитуваат препораките на УЕФА, но тоа не се случи. Не дојде до олабавување на мерките и тоа не принуди да си останеме дома. За сите мечеви во фазата по групи ќе летаме од Прага до Шкотска и Англија, а по завршувањето на дуелите ќе се враќаме дома“, изјавија од таборот на чешката репрезентација.

 

- Оглас -

Најнови вести