Честитаа, ама не се помируваат: Мерцедес поднесе жалба до ФИА

Формула 1 тимот Мерцедес, уште не може да се помири со начинот на кој Луис Хамилтон ја загуби титулата од Макс Ферстапен, па Германците поднесоа жалба до ФИА. Во Мерцедес тврдат дека резултатот од трката е нерегуларен, бидејќи биле прекршени две правила од регулативите на ФИА.

Луис Хамилтон беше на прагот да победи и да ја освои рекордната осма титула, но на пет круга до крајот по излетувањето на Николас Латифи, на патеката се појави безбедносното возило. На два круга до крајот, во Мерцедес се израдуваа кога беше забрането претекнување на заостанатите болиди, но потоа на тие неколку болиди кои беа меѓу Хамилтон и Ферстапен, им се дозволи да одат пред безбедносното возило.

Така, Ферстапен се најде веднаш зад Хамилтон и во последниот круг, Холанѓанецот ја искористи предноста што имаше посвежи и побрзи гуми од Британецот, па го претекна и ја освои титулата во најдраматичната завршница во историјата на Формула 1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести