Сонот стана реалност: Брани во петта лига, но ќе биде дел од Мундијалот

По пауза од 52 години, репрезентацијата на Хаити повторно ќе игра на Светско фудбалско првенство. Самото учество на завршницата е голем успех за Хаити, селекција која сигурно е една од најголемите аутсајдери на планетарниот собир. Сепак, токму во составот на Хаити се крие една необична приказна.

Голман Жосуе Дуверже се најде на списокот од 26-мина фудбалери кои треба да бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико и тоа е потврда дека секој сон може да биде остварен.

Дуверже е голман кој брани во тимот на Космос Кобленц, кој се натпреварува во петтата лига во Германија. Тоа што е далеку од европскиот и светски фудбалски крем и неговиот клупски фокус е наменет само на дуелите од Оберлига Рајнска област-Пфалц/Сар во Германија, Дуверже сега е подготвен да оди на Светското првенство каде што ќе бидат најголемите светски ѕвезди.

Овој 26-годишен голман е роден во Монтреал, Канада, а за Хаити има шест настапи. На Мундијалот кој започнува на 11 јуни треба да биде трета опција за голманската позиција во селекцијата на Хаити.

- Оглас -

Најнови вести