Честитка од Џенова: Браво Горан, заслужуваш аплауз на интернационална сцена

Убава честитка за стотиот одигран меч на Горан Пандев во дресот на Македонија стигна и од Мараси, од таборот на неговиот сегашен клуб Џенова.

„Честит јубилеј Горан. Ти си исклучителен човек и фудбалер и гордост на својата земја. Заслужуваш аплауз на интернационална сцена“, објавија на својата интернет-страница популарните Грифони од Џенова.

Пандев има понуда од Џенова да го продолжи договорот за уште една година, а актуелниот му завршува ова лето. Гестот на Џенова е за респект, а честитки за Пандев има од сите страни на светот.

Вчера со настапот против Летонија во победата од 3-1 тој се израмни со Гоце Седлоски. Двајцата имаат точно по 100 настапи, а Пандев веќе в недела во Љубљана против Словенија ќе биде рекордер со 101 настап за нашата национална селекција.

 

- Оглас -

Најнови вести