Честитки за сите што одиграа – Аутсајдерите Болоња и Сасуоло се заканија, но не ни го урнаа добитниот тикет со коефициент 23

Аутсајдерите Болоња и Сасуоло опасно се заканија, но на крајот не успеаја да го урнат добитниот тикет од пет натпревари што вчера со коефициент од 23 ви го понудивме во стандардните Типстерски совети.

Болоња беше на прагот на пресврт и победа против Наполи откако одигра одлично второ полувреме, но, за среќа на сите што го одиграа нашиот предлог-тикет, резултатот на крајот остана 1:1, со што е погодено типување со комбинирани знаци Х2&ГГ со коефициент 2.02.

Ризично беше и на дуелот меѓу одличниот состав на Сасуоло и актуелниот шампион на Италија, Јувентус. Фаворитот поведе со 0:2, а потоа тргнаа фуриозните минути на Сасуоло и се случи голем пресврт со три гола на домаќините. И тука одигравме Х2&ГГ со коефициент 1.90, а за погодок со погодок во мрежата на Консиљи се погрижи Алекс Сандро. Мечот по многу возбудувања заврши нерешено 3:3.

Милан со три гола во второто полувреме ја декласира Парма, и покрај предноста на гостите од 0:1 по првото полувреме, таман за нашиот предлог-тип 1Х&ГГ со квота од 1.98.

Одигравме и две единици на дуелите меѓу Брентфорд и Престон со коефициент од 1.50 и Сампдорија – Калјари со 2.00 квота.

Пчелите во Англија со ран гол во четвртата минута победија со 1:0, додека Сампдорија го декласира Калјари со 3:0 за добитен тикет.

Вкупниот коефициент е малку поголем од 23 во Sport Life, што значи дека за 100 денари ќарот е 2.300 денари.

На сите што го одиграа тикетот им ја честитаме добивката, а очекувајте ги нашите Типстерски совети и денеска и во идниот период како стандардна содржина на Спорт Манија.

- Оглас -

Најнови вести