Честито победа на Интер утре, Барса во Милано без Меси и Пике

Барселона на утрешното гостување кај Интер ќе биде без некои од главните ѕвезди. Каталонците веќе имаат обезбедено место во осминафиналето, па тренерот Ернесто Валверде реши да тактизира со составот и да поштеди дел од главните играчи. Во авионот со кој екипата попладнево во 16 часот ќе замине во Милано, не се качија Лионел Меси, Жерард Пике и Сержи Роберто. Ги нема и повредените Артур, Дембеле, Семедо и Алба, па повикани се некои од младите, меѓу кои и Ансу Фати.

Ова е лоша вест и за Борусија Дортмунд, која чека Барса да освои некој бод на „Џузепе Меаца“. Ако Интер победи против ослабената Барса, Борусија ќе мора да се задоволи со играње напролет во Лига Европа. Од Барселона најавија и дека нема да тренираат на стадионот на кој утре гостуваат во овој меч од ЛШ, кој очигледно не им е важен како наредните два во првенството против Реал Сосиедад и Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести