Четири дерби-средби се играат во недела, а играчите на Спортска прогноза се неодлучни околу фаворитите

Само еден ден од почетокот на новото, 18-то коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, играчите ги имаат своите фаворити, но и покажаа неодлучност за дерби-дуелите кои се играат во недела.

Само по 24 часа од почетокот на новото коло, најголем фаворит е екипата на Тотенхем на гостувањето кај Евертон, а за нивна победа се одлучија дури 70,11% од играчите.

Во мала предност се и екипите на Арсенал, Марсеј и Интер, во пресметките против Ливерпул, Лион и Јувентус, но на последното дерби, она мадридското, голем процент од играчите се одлучија да му дадат предност на Реал. Дури 67.26% сметаат дека Реал ќе го победи Атлетико и ќе го задржи врвот во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести