Четири гиганти во „војна“ за еден Италијанец

Николо Барела привлекува многу внимание во изминатиов период. Играчот за врска на Калјари игра одлично сезонава, а откако репрезентацијата на Италија ја презеде Роберто Манчини, тој е редовен стартер за „аѕурите“.

Овој дваесет и едногодишен фудбалер поседува огромен потенцијал и квалитет, а тоа го приметија Челзи, Манчестер јунајтед, Интер и Наполи. Како што наведуваат италијанските медиуми, „сините“ веќе контактирале со претставници на Калјари околу услугите на овој Италијанец, клубот од Лондон е подготвен да издвои 50 милиони евра, цена која е прифатлива за калчолигашот.

И „нероаѕурите“ не седат со скрстени раце. Наводно и тие ќе подготват идентична сума за Барела, додека Јунајтед и Наполи чекаат реакција од Калјари, па доколу понудите од Челзи и Интер бидат одбиени, тие ќе се обидат со „подебела“ сума.

На крајот, одлуката останува на самиот фудбалер, да одбере за кој тим ќе да ги брани боите – Дали ќе остане во Серија А, или ќе се проба во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести