Четири новини во шпанскиот Суперкуп, судиите ќе имаат голема помош

Реал Мадрид без Карим Бензема и Валенсија без Родриго може да биде најава за неефикасно полуфинале во шпанскиот Суперкуп кој почнува вечерва во Џеда, Саудиска Арабија, но доколку паднат голови, тука ќе бидат неколку филтри за да се донесе правилна одлука дали погодокот е регуларен или не.

Неколку работи поврзани со судиите првпат ќе бидат применети во Суперкупот на Шпанија, кој и првпат се игра со четири тима.

Најголема новина е користењето на гол-технологија, таканаречено „соколово око“. Доколку топката ја мине гол-линијата со целиот свој обем, главниот судија ќе добие сигнал. На теренот ќе има 14 камери, некои од нив на гол-линијата со висока резолуција, па ако топката ја мине гол-линијата, судијата во слушалките ќе слушне „гол“ и часовникот ќе почне да му вибрира.

Внимателно ќе се следи и движењето на голманот при евентуален пенал. Ако голманот направи престап и не ја гази гол-линијата барем со едната нога, ударот од 11 метри ќе биде повторен и чуварот на мрежата ќе добие жолт картон. Повторување на пенал без казна со жолт картон може да има во евентуална пенал-серија на крајот, ако средбата заврши нерешено.

- Оглас -

Најнови вести