Четири премиерлигаши бараат поништување на сезоната

Четири клуба од англиската фудбалска Премиер лига ја поддржуваат идејата за поништување на сезоната 2019/20, најцрното можно сценарио за Ливерпул кој по 30 години чекање треба да ја освои титулата. Одлуката треба да ја донесе Фудбалската асоцијација на Англија, ФА, а не клубовите.

Ако се избришат резултатите, секако најоштетен би бил Ливерпул, кој има историска сезона и незапамтена доминација со која заслужи трофеј. Интересно е што за поништување на сезоната во Премиер лигата не се ривалите на Ливерпул од горниот дел на табелата, туку клубови од дното. Не се објавени имињата на клубовите, но веројатно станува збор за најзагрозените, последните четири тима во лигата.

Во случај на откажување на сезоната, клубовите ќе треба да ги вратат парите добиени од продажбата на телевизиските права. Загубите би биле над 1,2 милијарда фунти, а ќе има и отпуштања од работа. Затоа мнозинството клубови се за продолжување на сезоната. Оние што се плашат од испаѓање, сакаат поништување на сезоната бидејќи така би се спасиле од преселба во понизок ранг и за нив тоа би била поголема загуба отколку оваа актуелната.

- Оглас -

Најнови вести