Четирите најбогати клубови во Бундеслигата ги спасуваат останатите екипи од елитата

Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и Лајпциг се четирите клубови кои заеднички решија да помогнат во спасување на останатите финансиски помалку моќни клубови во Бундеслигата. Моќната четворка се откажа од делот од парите што следуваат од ТВ-правата, плус додадоа по неколку милиони од своите каси за да стигнат до сума од 20 милиони евра, кои ќе бидат распределени на останатите клубови во Бундеслигата.

Фудбалската федерација на Германија реши да го искористи резервниот фонд во кој имаше 45 милиони евра од ТВ-правата, но четирите финансиски најмоќни клубови во Бундеслигата се откажаа од тие пари во корист на останатите екипи.

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, уште пред неколку дена најави дека мора да се размислува за враќање на фудбалот, па макар тоа и да било без гледачи, затоа што на тој начин ќе ги добијат договорените пари од телевизиските права.

„Доколку повторно започне фудбалот, дури и мечевите без присуство на публика гарантираат дека од ТВ-правата ќе направи клубовите да бидат сигурни за нивната егзистенција. Засега е тешко да се прогнозира за тоа кога би продолжило првенството“, вели Хенес.

- Оглас -

Најнови вести