Четворица селектори си поднесоа оставки по испаѓањето од СП во Катар

Само еден ден откако завршија натпреварите во групната фаза на Светското првенство во Катар, Ото Адо си поднесе оставка од селекторската функција во репрезентацијата на Гана.

Гана во последниот натпревар од групата Х влезе со надеж дека ќе успее да се пласира во осминафиналето, но загуби со 2:0 од Уругвај и на крајот го освои последното место во групата.

„И претходно реков дека ќе си заминам од клупата по Светското првенство. Тоа ќе се случеше и доколку станевме и светски шампиони. Во овие моменти, јас и моето семејство, иднината ја гледаме во Германија, ми се допаѓа улогата која ја имам во Дортмунд“, изјави Адо.

Тој во Борусија Дортмунд е задолжен за развој на талентите.

Ото Адо е четвртиот селектор што ја напушти клупата на својата репрезентација по испаѓањето во групната фаза, пред него тоа го сторија и Роберто Мартинез (Белгија), Карлос Кеирош (Иран) и Херардо Мартино (Мексико).

- Оглас -

Најнови вести