Четврта пол-позиција за Леклер во низа

Шарл Леклер четврта трка во низа ќе тргне од првата позиција, откако попладнево беше најбрз во квалификациите во пресрет на утрешното Гран при на Азербејџан.

Возачот на Ферари беше феноменален на патеката во Баку, па за пол-позицијата се избори со време од 1:41,359. Од второто и третото место ќе тргнат болидите на Ред бул, Перес за нијанса беше побрз од тимскиот колега и актуелен светски првак, Макс Ферстапен.

Карлос Сајнц од Ферари извозе четврто најдобро време, а во топ 10 се најдоа уште Расел, Гасли, Хамилтон, Цунода, Фетел и Алонсо.

Трката за големата награда на Азербејџан стартува утре во 13 часот.

- Оглас -

Најнови вести