Четвртфинале ждрепка Куп на Германија: Бранителот гостува во Гелзенкирхен

Денешната ждрепка за четвртфиналето во германскиот Куп донесе големо дебри меѓу Шалке и  Баерн Минхен. Баварците ќе гостуваат во Гелзенкирхен каде што треба да го продолжат походот кон одбрана на пехарот.

Баер Леверкузен на домашен терен ќе го пречека тимот на Унион Берлин, во Франкфурт против Ајнтрахт ќе игра Вердер Бремен, кој приреди изненадување во претходното коло со елиминацијата над Борусија Дортмунд. Фортуна имаше среќа при ждрепката и налета на четвртолигашот Сарбрукен.

Дуелите се закажани за 3 и 4 март.

- Оглас -

Најнови вести