Четвртфиналето на мајките го доби поискусната Серена Вилијамс

Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД откако со 4-6, 6-3, 6-2 ја совлада Бугарката Цветана Пиронкова.

Ова беше дуел на две тенисерки кои се мајки, имаат деца, а Пиронкова немаше играно повеќе од три години, па нејзиниот пласман во четвртфиналето на гренслем-турнир претставува сензација. Сепак, физичката подготовка кај неа уште не е на врвно ниво и тоа беше клучно да загуби од искусната Вилијамс, која оди по својата 25-та гренслем-титула во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести