Четврто реми по ред на Интер и Рома, прво без голови по пет години

Интер и Рома ја продолжија традицијата да играат нерешено во последно време, а вечерва повторно ремизираа, овојпат без голови.

Имаше шанси за гол (ови) на двете страни, но мечот заврши без победник, без погодок ниту во мрежата на Хандановиќ, ниту на страната што ја бранеше Миранте.

Интер опстана на првото место со 38 бода, два повеќе од Јувентус, но со меч повеќе. Рома е на четвртото место со 29 бодови по 15 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести