Чичарито како да не е свесен што се случува во светот

Цел свет е во паника поради пандемијата со Коронавирусот, но според објавата на Хавиер Ернандес Чичарито, новиот член на ЛА галакси, тој си има други грижи. Чичарито како да не свесен што се случува околу него, па одлучи јавно да се пожали за својот профил на „Амазон“, платформата за онлајн нарачки, дека му е блокиран и не може да го користи.

Оваа објава го чинеше Мексиканецот голем број критики од страна на фановите и неговите следбеници на „Твитер“, кои сметаат дека неговиот проблем е „смешен“ во однос на случувањата во вирусот Ковид-19.

„Мојот налог е блокиран веќе една недела во период на оваа криза. Ова ми се случува по трет пат. Никој не е во можност да ми помогне преку телефонски разговор, сервисот за корисничка поддршка воопшто не ми излезе во пресрет“, е објавата на Чичарито.

Напаѓачот кој ја започна кариерата во мексиканска Гвадалахара, а играше и за Манчестер јунајтед, Баер Леверкузен, Вест хем и Севилја, од оваа сезона (пред да се прекине) настапува во дресот на ЛА галакси во МЛС-лигата.

- Оглас -

Најнови вести