Чија одбрана е подобра? Мицевска и Холте ја покажаа голманската магија (Видео)

Јована Мицевска со пет одбрани беше една од малкуте светли точки кај македонската репрезентација вечерва во убедливиот пораз од Холандија со 15:30 во второто коло на Европското првенство во ракомет за жени.

Мицевска бранеше колку што можеше на меч на кој често беше оставена на милост и немилост на противничките ракометарки поради лошата дефанзива на Македонија.

Нашата репрезентативка блесна на почетокот на второто полувреме, кога на фантастичен начин ѝ одбрани пенал на Малестајн.

https://twitter.com/EHFEURO/status/1589682184306106369?s=20&t=B7L4qftpyl4SqXlB-dYNmQ

Расположена за бранење беше и голманката на Холандија, Јара Тен Холте, а начинот на кој ѝ го одбрани ударот на Ѓатевска во првото полувреме е фантастичен.

https://twitter.com/EHFEURO/status/1589672666814115840?s=20&t=B7L4qftpyl4SqXlB-dYNmQ

Холанѓанките со две победи во две кола веќе се пласираа во следната фаза на ЕП, а Македонија мора да приреди подвиг и да ја победи Романија во последното коло задутре за да остане во игра за продолжен престој на шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести