Чики: Ако ја сакаме титулата, мора да ги победиме најдобрите екипи во Европа

Чики Бегиристајн вели дека Манчестер сити нема избор и мора да ги победи најголемите европски екипи ако сака да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Дербито на осминафиналето е токму меѓу Сити и Реал Мадрид, најтрофејниот клуб во Европа со 13 трофеи од ЛШ.

„Знаевме и пред ждрепката кој пат не води до круната. Мораме да ги победиме најдобрите екипи во Европа ако сакаме да бидеме шампиони“, изјави Шпанецот.

На спротивната страна, кај Реал Мадрид уште една легенда, Емилио Бутрагењо е свесен за тежината на задачата и опасниот противник од Англија.

„Многу вложуваат во последната деценија и прераснаа во еден од најквалитетните клубови во Европа. Но, ние сме Реал Мадрид и амбициите се знаат, да се атакува на титулата без разлика на името и квалитетот на противникот“, вели Бутрагењо.

Манчестер сити и Реал Мадрид за првпат ќе играат меѓу себе во нокаут-фаза во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести